еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Ивица Челиковиќ и Венко Андоновски наградени од Друштвото на писатели на Македонија

„Ден за одмазда“ од Ивица Челиковиќ и „Имаш пчела на носот: роман за њутајмер и олдтајмер тинејџери“ од Венко Андоновски се меѓу наградените книжевни остварувања за 2021 година од страна на Друштвото на писатели на Македонија.

Ивица Челиковиќ е добитникот на наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно остварување за 2021 година. Заслужено, благодарејќи на неговото прозно мајсторство и универзалните човечки теми во современото општество што допираат до секого.

Делото на Венко Андоновски, кој изминатата година за првпат влезе во романескниот свет на младите со својата книга „Имаш пчела на носот: роман за њутајмер и олдтајмер тинејџери“ како дел од проектот „Стела и Сани“, е крунисано со наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади.

И двете книги објавени во издание на Паблишер, допрва ќе ги освојуваат симпатиите на читателската публика. И книгата која зборува за проблемите на возрасниот човек и неговото (не)снаоѓање во општеството, и онаа која ги запознава младите со светот што ги чека и во кој ќе стануваат луѓе и книжевници.

Токму тие, читателите, се најголемата награда за делата, но кога Друштвото на писатели ќе ја препознае нивната вредност и ќе ја круниса, им дава посебно значење.

Македонската книжевност се збогатува со уште две прекрасни наградени книги. А тоа е една од целите на секое литературно дело – трајна вредност што остава квалитетно книжевно наследство.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пекара „Диман“ со бесплатни појадоци за вработените на Инфективната клиника

Редакција

Десетминутни овации по премиерата на текстот „Генетиката на Глембаеви“ во Република Српска

Редакција

Избрани добитниците на наградната игра на Охридска банка и Visa-Визарата

Редакција