еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ИВЗ го разреши Реисот Сулејман Реџепи

Со двотретинско мнозинството на Ријасетот на Исламската Верска Заедница (ИВЗ) денеска е разрешен од позицијата прв човек на ИВЗ, досегашниот реисул улема Сулејман Реџепи, изјави муфтијата на Гостивар, Шаќир Фетаи, кој истовремено е поставен како вршител на должноста претседател на ИВЗ, до подготвување на новите избори за избор на претседател на ИВЗ.

Оваа одлука стапува во сила од денеска, а на неа се потпишани самиот Фетаи, скопскиот муфтија Ќенан Исмаили, тетовскиот муфтиа Ќани Несими, исто така и муфтијата на Куманово, Абедин Имери, на Струга, Салим Сулејмани  и од речиси сите други муфтии.

Истовремено, на оваа одлука се потпишани и Мустафа Даути, претседател на хуманитарната организација кој функционира во склоп на ИВЗ, „Хилал”, професор Шабан Сулејмани, декан на Факултетот за Исламски науки, директорот за дијаспората, Селвер Џемаили, членот на ријасетот Фадил Рамадани и други.

МИА/Фото: Фејсбук/Реџепи

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) На Фитр Бајрам, Реисот Сулејман Реџепи се ожени по втор пат со 50 години помладата Емина Јетиши

Сулејман Реџепи ја предупредил Владата: ИВЗ нема да го почитува полицискиот час

Апелација ја уважи жалбата на Сулејман Реџепи во врска со назначувањето на Скендер Бузаку за нов поглавар на Исламската верска заедница

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно ревакцинирани 121.432 граѓани

Редакција

Топланите ќе бидат во функција за загревање на градот, вели Ковачевски

Редакција

Каков имот пријавиле членовите на ДИК: Претседателот Оливер Деркоски и сопругата имаат два стана

Редакција