еМагазин
Image default
Балкан

Изборите во Бугарија ќе се одржат на 4 април

Бугарскиот претседател Румен Радев ги закажа парламентарните избори во земјата на 4 април, односно една недела подоцна од претходно најавуваниот термин 28-ми март.

Тој одлуката ја донел по консултации со претставниците на политичките партии во Бугарија.

„Иако одамна е познато дека овие избори ќе се одржат во пандемија, ниту една институција не презеде ништо. Благодарност до сите што одговорија на мојата покана за консултација. Јас го насочив вниманието на јавноста кон потребата од соодветни мерки за надминување на проблемите за време на изборите“

Помалите партии бараа изборите да се одржат што е можно подоцна, додека ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов бараше тие да бидат на 28 март и го обвинија Радев дека сака да манипулира.

Радев побара од сите институции да се однесуваат одговорно и да ги преземат соодветните мерки за безбедно гласање во време на пандемија.

Фото: Фејсбук/Радев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Во земјотресот во Турција и Грција загинаа и две деца

Редакција

(Видео) Српски политичари во програма во живо се полеваа со вода и навредуваа

Редакција

Истражување: Во Хрватска никој што е вакциниран не починал од Kовид-19

Редакција