Левица од Прилеп на Фејсбук објави дека е оштетен споменикот на Февруарскиот Поход-Богомилската Епопеја, што претставува голем историски настан за македонскиот народ.
„Натписот на споменикот гласи: „Вие, хероите од славната богомилска епопеја, во нерамната борба со бугарскиот фашистички окупатор ги дадовте своите животи за среќната иднина на нашите млади поколенија”.
Избрyсено е бугарскиот фашистички окупатор, со што доаѓаме до заклучок дека власта со полна пареа е спремна да ја промени историјата на Македонија за наводна европеизација,“ велат од Левица.
Фото: Левица Прилеп
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.