еМагазин
Image default
Бизнис

Издадени 390 одобренија за градба во јануари, за 50,6% повеќе од лани

Во јануари годинава се издадени 390 одобренија за градење, што е за 50,6 проценти повеќе во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7.706.874 илјади денари, што е за 33,6 проценти повеќе од лани.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 169 (43,3 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 131 (33,6 проценти) за објекти од нискоградба и 90 (23,1 проценти) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 390 објекти, на 182 (46,7 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 208 (53,3 проценти) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 677 станови, со вкупна корисна површина од 57.990 м2.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Луфтханза ќе почне да лета од Франкфурт до Скопје од април 2023

Редакција

Раст на вкупните средства на осигурителните друштва

Редакција

(Фото) Премиера на новиот BMW X3 во Македонија

Редакција