еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Известувачот за Македонија побара одложување на гласањето на извештајот за земјава во Европскиот парламент

Известувачот во Европскиот парламент за Македонија, Илхан Ќучук, побара официјално одложување на гласањето за извештајот во Европскиот парламент, што беше закажано за крајот на јуни, соопштија од прес-службата на Ќучук.

-Убеден сум дека претстојниот период пред гласањето на извештајот ќе биде сериозен тест за политичката елита во Северна Македонија и ќе ја измери подготвеноста на земјата да продолжи по патот на европската интеграција, преку спроведување на неопходните уставни измени.

Во спротивно, критичарите кои не веруваат во европските аспирации на Северна Македонија, може да излезат дека се во право. И во двете опции, Европскиот парламент ќе има јасна линија по која ќе го гласа извештајот со големо мнозинство наесен, вели Ќучук.

Според известувачот на ЕП за Македонија, одложувањето на гласањето ќе помогне за постигнување конструктивен дијалог и во комисијата за надворешни работи на ЕП ќе придонесе за зацврстување на довербата меѓу Македонија и Бугарија, како две соседни земји, кои имаат заедничка иднина и стремеж во европското семејство.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР објави оглас за вработување на 26 службеници

Редакција

Бугарско МНР: Подготвени да ја одобриме првата меѓувладина конференција веднаш штом ќе биде потпишан протоколот

Редакција

Немаш што да облечеш? Купи си онлајн на Fashion group

Редакција