еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Извозот на жито е блокиран: Украина нема да го деминира црноморското пристаниште Одеса

Украина денеска соопшти дека нема да ја деминира областа на црноморското пристаниште Одеса за да овозможи извоз на житни култури, наведувајќи ја како причина за тоа заканата од руски напади врз градот.

– Во моментот кога ќе го ослободиме пристапот до пристаништето во Одеса, руската флота ќе биде таму, рече портпаролот на регионалната администрација Сергеј Брачук во видео изјава објавена денеска на социјалните мрежи.

Тој додаде дека Русија „сонува како падобрански трупи влегуваат во градот“ и дека московската армија „сака да ја нападне“ Одеса.

Министрите за надворешни работи на Турција и Русија се сретнаа денеска во Анкара за да разговараат за организирање на безбедносен коридор за отпремување на украинско жито заглавено во пристаништата поради руската блокада.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва е подготвена да овозможи безбеден премин на украинското жито.

Брачук потенцира дека секој извоз од Одеса мора да биде во придружба на „земјите на НАТО“.

Турција ги понуди своите услуги за придружба на поморски конвои од украинските пристаништа.

Пред војната, Украина беше четврти најголем извозник на пченица во светот и обезбедуваше половина од светската трговија со сончогледови семки и масло.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оваа недела предупреди дека количеството жито блокирано од војната може да се зголеми тројно во рок од неколку месеци.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Бауер БГ“ го доби тендерот на Град Скопје за изградба на ул.Есенинова вреден 1,1 милион евра

Редакција

(ВИДЕО) Шилегов на расправата за аерозагадувањето во Собрание си играше игричка на мобилниот

Редакција

(Фото) Кои се другите лица од групата од Грчец по кои е распишана меѓународна потерница

Редакција