еМагазин
Image default
Бизнис

Извозот со раст од 29 отсто во првиот квартал

Извозот на стоки од земјава во првиот квартал годинава бележи раст од 29 осто во однос на тој период лани, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – март 2021 година, изнесува 2.002.586 илјади американски долари, вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 2,637.519 илјади американски долари, што е за 24,6 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година, додека трговскиот дефицит, во перидот јануари – март 2021 година, изнесува 634.933 илјади американски долари.

Покриеноста на увозот со извоз, во перидот јануари – март 2021, изнесува 75.9 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека најмног сме извезувале катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот, а сме увозувале најмногу другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, ќерамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, платината и легурите на платина, необработени или во прав и нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови).

Во периодот јануари – март 2021 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Витаминка откупи сопствени акции

Редакција

Владата ќе продолжи да го субвенционира „Визер“ по реактивирање на авио линиите

Редакција

„Оне.Вип“ го доби тендерот на општина Битола за телекомуникациски сулуги вреден 63.000 евра

Редакција