еМагазин
Image default
Македонија

Jавната администрација од 1 октомври ќе работи повторно во фиксен термин од 8 до 16 часот

По три години примена на флексибилното работно време, јавната администрација од 1 октомври ќе работи повторно во фиксен термин од 8 до 16 часот. Владата денеска ја донела оваа одлука, а во владиното соопштение се најавува дека истата стапува на сила за два дена и ќе биде од времен карактер.

„На денешната седница Владата донесе одлука времено да ја суспендира одлуката за флексибилно работно време за сите вработени во државната управа и, наместо сегашното работно време од 07:30 до 15:30 и од 08:30 до 16:30, од први октомври за сите ќе важи работното време од 08:00 до 16:00 часот“, се вели во соопштението на владината прес-служба.

Флексибилното работно време беше воведено на 1 септември 2017 година, со цел да се подобрат условите за вработените во јавната администрација и да се подобри процесот на испорачување услуги кон граѓаните и бизнис заедницата. Одлуката за утврдување на флексибилно работно време за јавната администрација беше донесена на почетокот од јули 2017 година.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вработен позитивен на корона вирусот ја затвори Општина Струга

Редакција

(ВИДЕО) Сузбиена организирана криминална група што криумчарела мигранти, приведени 10 лица

Редакција

Џафери ја одби иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум

Редакција