На 04.04.2020 полициски службеници од СВР Скопје, по претходна судска наредба, извршиле претрес во домот и други простории кај Б.З.(29) од Скопје, на подрачјето на Чаир, информира МВР.
При претресот во непосредна близина на куќата пронајдени биле патничко моторно возило џип “мерцедес мл“ без регистарски ознаки, патничко моторно возило “фиат пунто“ со косовски национални ознаки, патничко моторно возило “мерцедес е270“ со скопски регистарски ознаки, мотор “сф мото р 250“ и скутер “априлија“ и двата без регистарски ознаки.
Во близина на возилата во кеса биле пронајдени осум црни маски. За сите предмети постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела и биле предадени на ЕВР Чаир за понатамошно постапување.
Б.З. е во домашен притвор, а лишен од слобода бил А.Б.(27) од Скопје, кој бил затекнат со него.