еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Каде ќе им оди душата: Фондацијата „Допир“ преку лажни профили собирала донации, кривична пријава за две лица

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против М.Ш. (53) и А.Ш. (49) поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело – “компјутерска измама“ по чл.251-б од КЗ на РСМ.

Како што соопштуваат од МВР, пријавените со цел да се стекнат со противправна имотна корист формирале Фондација “Допир“ и креирале веб страна bidihumansega.mk која активно работела на собирање средства за помош на деца со посебни потреби и ретки болести.

Од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, утврдено е дека регистрант на веб страната bidihumansega.mk е лицето М.Ш., кој и воедно е претседател на Фондацијата.

Во рамки на спроведената истрага, како што се наведува во соопштението, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика изврши низа проверки, меѓу другото и околу тоа дали лицата, односно корисниците на веб страната за кои се собираат донации, евидираат во системот на Министерството за внатрешни работи и притоа констатирано е дека поголемиот дел од корисниците не постојат, односно креирани се измислени, лажни, фиктивни профили преку кои веб страницата собирала донации и парични средства.

Притоа утврдено е и дека заклучно со 27.03.2019 година преку веб страната bidihumansega.mk собрани биле 3.531.199 денари.

По направената анализа на банкарските сметки, како што информираат од МВР, констатирано е дека од собраните парични средства, пријавените вршеле повлекување на парични средства за сопствени потреби.

-На 27-ми овој месец, а по претходно обезбедена судска Наредба за претрес, издадена од Основен суд Скопје I Скопје, извршен е претрес на деловни простории во стан во Скопје, при што се пронајдени голем број докази кои укажуваат дека лицата М.Ш. и А.Ш. свесно вршеле внесување невистинити податоци и фотографии од деца кои биле предмет за собирање парични средства по основ на донации и со тоа довеле во заблуда голем број граѓани и правни лица кои донирале парични средства, наведуваат во соопштението.

Со Наредба од Судија за претходна постапка од Основен Суд Скопје I – Скопје, паричните средства од фондацијата се замрзнати.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трагедија: Едно лице почина во пожарот во продавница кај „Рамстор мол“

Редакција

Петровска ја повлече кандидатурата за претседател на СДСМ

Редакција

Пронајдена е девојката од Албанија, која што беше пријавена за исчезната

Редакција