Освен заштитните маски, дел од секојдневието во Македонија, полека но сигурно, стануваат и заштитните визери и тоа ќе биде така додека не се најде вакцина против невидливиот непријател-коронавирусот, која според моменталните проценки може да биде реалност дури во текот на следната година.
Визерите се една од основните алатки за работа на здравствените работници, но и на стоматолозите, фризерите, козметичарите…, а ги бараат и обичните граѓани, кои сакаат да направат се за да се заштитат од коронавирусот.
еМагазин направи мало истражување за тоа кој продава и произведува визери во Македонија, кое пред се покажа дека нашиот пазар реагирал брзо и тие се достапни за секој заинтересиран, а интересно е и дека нивната цена е пристојна и се движи од 200 до 300 денари по парче.
Од светлечки реклами до визери
Основна дејност на охридската фирма „Печат плус“ се ексклузивни светлечки реклами, а во истата се произведуваат и уникатни дрвени лустери и табакери.
Од неодамна таму за прв пат се произведуваат и визери, Protect +, кои како што велат од фирмата за еМагазин се лесни, удобни, одржливи и практични.
Од фирмата велат дека преку карго вршат достава на истите низ целата земја, а доставата е бесплатна за нарачки над 10 парчиња.
Повеќе информации, контакт и цена на нивната Фејсбук страна ОВДЕ.
Една од основните дејност и на скопската фирма Мулти медија е исто така светлечки реклами, како и брендирање на бензински, но и изработка на мебел.
И оваа фирма, земајќи ги во предвид новонастанатите услови на пазарот периодов се фокусирала на производство на визери, но и на заштитни паравани од плексиглас.
Од фирмата за еМагазин велат дека и претходно произведувале слични производи, но тоа било инцидентно, а периодов поради побарувачката повеќе се фокусирани на истите.
Повеќе информации, контакт и цена на нивната Фејсбук страна, ОВДЕ.
Визери се продаваат и на Фејсбук и во аптеки
Визери се продаваат и на Фејсбук, а таков е случајот со страната Визири и маски.
еМагазин го контактираше администраторот на оваа Фејсбук страна, кој вели дека и тие вршат достава на визири низ целатата држава, и дека истите се увезени од Европската Унија.
Истражувањето на еМагазин покажа дека визери можат да се купат и по аптеките.
Таков е случајот со аптеката Gold-mun.
Повеќе детали за цената и контакт со овој ланец на аптеки во Скопје, на нивната Фејсбук страна, ОВДЕ.