Претседателот на Албанија Илир Мета денес престојуваше во Скопје по повод Денот на албанската азбука. Тој во придружба на видни функционери на ДУИ, меѓу кои и Али Ахмети, претседателот на македонското Собрание Талат Џафери, вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и други наместо да ја слават азбуката со раце го гестикулираа албанското знаме.
„Заедно со лидерот на ДУИ, Али Ахмети и други политички лидери на Албанците во Македонија за време на посетата на старо Скопје се сретнавме со десетици сестри и браќа по крв, со кои ја прославивме 110-годишнината од албанската азбука и ја осигуравме величеннствената работа на албанските патриоти од ерата на Скендербег до денеска…“, напиша Мета на својот Фејсбук профил.
Рака на срце, начинот на прослава е нивно право, но гестикулацијата повеќе личи на лилјак отколку на двоглавиот орел од знамето на Република Албанија.
Фото:Фејсбук/Илир Мета