еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Како да избегнете замор при долготрајни возења

Заморот се смета за една од петте фатални причини за сообраќајни незгоди, одговорна дури за 20 проценти од сите сообраќајни  незгоди што се случуваат.

Многу возачи ќе признаат дека барем еднаш во животот се замориле возејќи,  и од некоја причина не застанале. Чувството кога очите ви се затвораат на 2 секунди, а вие возите и понатаму, може да ве чини живот!

Нивото на замор е нешто што секој возач мора да го следи за да не се случи да го загрози сопствениот и животот на останатите учесници во сообраќајот. Токму поради тоа, Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со совети како во текот на возењето да останете будни.

РУТА: Доколку тргнувате на долг пат, изберете поинтересна рута. Патувајте по  патишта кои бараат поголема фокусираност, поголема промена на брзината,  повеќе кочење односно патувајте по патишта кои имаат повеќе содржина во возењето.

ПЛАН: Покрај патот, испланирајте и места за застанување. Не претерувајте во желбата одеднаш да поминете што поголема далечина. Доколку патувате во група, бидете свесни дека можеби немаат сите кондиција да издржат како вас и дека паузата некому ќе му  биде од голема полза.

ДОБРО НАСПИЈТЕ СЕ: Ноќта пред да заминете на пат, не останувајте будни до доцна и не претерувајте со алкохол. Исклучително е важно и да не тргнувате премногу рано, доколку не сте доволни одморени.

ВОДА: Пијте повеќе вода. Тоа пред сѐ ќе спречи можност за дехидратација, која може да доведе до вртоглавица, збунетост и слаби моторички способности. Избегнувајте напивки со многу шеќер и алкохол.

Храна: Јадете помалку и избегнувајте „тешка“ храна. Ваквата храна може да го забави вашето тело кое ќе биде концентрирано на варење на храната.

ПАУЗИ: Правете кратки паузи на секои два часа. Долгите паузи се препорачуваат меѓу 15 и 17 часот бидејќи во овој период од денот возачите се повеќе заморени. Најдобро е да го испланирате времето и доколку е можно до  овој период да стигнете до посакуваната дестинација.

ВЕЖБАЊЕ: Размрдајте се во текот на паузата. Обична прошетка ќе биде доволна за тоа.

МУЗИКА: Некои луѓе велат дека слушањето музика во текот на возењето ги успива. Зависи што слушате. Најчесто се препорачува слушање  „тврда или жива“ музика.  Бучавата на ветрот, исто така може да го умори возачот.  Внимавајте на прозорците.

ГРУПИ: Возете во мала група доколку е тоа возможно. Лесно е да изгубите концентрација кога возите сами.

СВЕЖ ВОЗДУХ:  Пропуштајте свеж воздух и кислород во автомобилот  колку што е можно почесто. Свежиот воздух ве држи буден и концетриран и ја освежува возачката способност.

ПРЕТЕКНУВАЊЕ: Не навлекувајте се зад други возила. Доколку е безбедно, поминете ги бидејќи претекнувањето ги буди чувствата. Кога возите долго зад некое друго возило, фокусот на тоа возило може да има хипнотично, приспивно дејство. Но, не мислете дека и возењето со голема брзина може да ве одржи будни. Најдобро е да има рамнотежа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Многу течности и парацетамол за температура над 39, советува Докиќ за болните од Ковид-19

Редакција

Во јули пет случаи на ХИВ, два на СИДА

Редакција

Лекарска комора објави листа на доктори со важечки лиценци за работа

Редакција