еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Како да се заштитиме од загадувањето: Кои маски се најдобри и колку чинат

Поради се поголемата загаденост на воздухот, се зголемува и побарувачката на заштитни маски низ аптеките и продавниците кои се специјализирани за нивна продажба.

Нивната цена се движи од 200 до 899 денари, а најмногу се бараат тие со јаглен кои го прочистуваат воздхот и ги задржуваат ПМ10-честичките.

За сега, според информациите од аптеките и другите продажни места, има доволно количини. Апелираат граѓаните да ги набават на време, бидејќи се зголемува нивната побарувачка.

Во „Медикус хелп“ се нуди заштитна респираторна маска за возрасни, со висок процент на заштита од аерозагадување.

„Во маската поставен е карбонски филтер N99 кој има степен на заштита од 99% од ПМ 2.5 и ПМ 10 честички, сулфур диоксид и јаглерод моноксид“, се вели во описот на оваа маска која чини 390 денари со три гратис филтри.

Исто така се нуди и Респираторна маска за деца со висок процент на заштита од аерозагадување.

„Во неа е поставен карбонски филтер N99 кој има степен на заштита од 99% од ПМ 2.5 и ПМ 10 честички, сулфур диоксид и јаглерод моноксид. Специјалниот филтер во маската има рок од 40 часа носење, по што е потребно да се промени.

На маската е поставен и вентил кој овозможува воздухот да циркулира во еден правец од маската кон надвор, и на тој начин се спречува создавање на влага и непријатност во маската. Маската е антиалергиска, изработена од 100% памук и е безбедна за децата.

Се препорачува маската да се носи секојдневно во услови на зголемена загаденост. Доколку се оштети или не пропушта доволно воздух потребно е да се замени со нова“, се вели во спецификацијата на оваа маска.

Маските се со различни големини S, M и L и ги има и во сите подобро снабдени аптеки.

Квалитетот на маската е посебно важен доколку возите велосипед или изведувате некакви спортски активности на отворени, бидејќи се вдишува поголема количина на кислород а со тоа и поголема концентрација на ПМ 10 и ПМ 2.5 честичките.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државните ревизори утврдиле дека СДСМ користи имот за кој нема утврдено сопственост

Редакција

(Фото) МВР објави фотографија од затвореникот Беким Мемети, кој при бегство рани затворски полицаец

Редакција

(Фото) Кој е Раде Трајковски Штекли, кој по вторпат е мета на вооружен напад

Редакција