еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Како ќе се урнат 409 дивоградби во Охрид за да се исполни условот за УНЕСКО, кога една дива платформа на Матка неможат да срушат

Од Владата се испофалија дека го „спасиле“ Охрид да не заврши на листата на УНЕСКО на загрозени подрачја. Покус не остана и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Браво дечки, се супер, иако нема место за фалење, но сега доаѓа оној потешкиот дел.

Баш ќе биде интересно да видиме како ќе успеете да срушите 409 дивоградби во Охрид (само во заштитениот појас!), а најинтересно ќе биде да се гледа како ќе се справите со „инвеститорите“ „блиски“ до власта, за кои деновиве пишуваа медиумите.

Еве на едни такви „инвеститори“ со месеци државата и институциите не можат да им срушат една дива платформа на Матка во Скопје.

Да не излезе после, ама сезона беше, немаше доволно време или неможе сега да им рушиме на луѓево, цела Македонија е преплавена со дивоградби, зашто баш во Охрид да ги рушиме…

Така да без фалби, и под итно фатете се сериозно за работа! Охрид не е само ваш, туку е и наш и на целиот свет!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Охриѓани треба да рушат дневно по 8 дивоградби за да го исполнат условот на УНЕСКО. Ако почнат денес!„: Твитер реакции

Охрид има рок до февруари да се справи со дивоградбите, ако не УНЕСКО ќе го стави на листата на загрозени подрачја

(Фото) УНЕСКО ги „искорна“ палмите во Охрид

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Железницата извиси за локомотивите од Кина: Владата бара арбитража

Редакција

(Мапа) Најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители има во Гостивар

Редакција

По една година затвор за тројцата обвинети кои го признаа делото за насилните протести за пресудата за „Монструм”

Редакција