Новата година, министерот за финансии, Драган Тевдовски, ја стартуваше со посета на Управата за јавни приходи (УЈП), Царинската управа, Управата за финансиска полиција и Управата за финансиско разузнавање.
“Имаме заедничка координација еднаш неделно. На истата присуствуваат сите и е со цел да бидеме информирани и да знаеме што да очекуваме од неделата пред нас. Но комуницираме многу почесто. Речиси на дневна основа се слушам со колегите од УЈП и Царинската управа. Со оглед на тоа што работевме на подобрување на законската регулатива за Финансиска полиција и за Управата за финансиско разузнавање, константно сум во комуникација со директорите. Сепак, управите имаат независност, особено во истрагите. Среќен сум што имаме професионалци кои посветено работат„, вели Тевдовски.
Директорката на УЈП, Сања Лукаревска потврдува дека двете институции се во постојана координација. Со министерот вели дека се познаваат од порано.
„Но, сега дури и пријателските средби се користат за работа“, вели таа.
Директорот на Царинаската Управа, Ѓоко Танасоски вели дека константана соработка со Министерството за финансии и управите, придонесува за брзо спроведување на реформите и решавање на сите проблеми со кои се соочуваат институциите и граѓаните.
Директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, за соработката со министерот за финансии, вели дека имаат целосна поддршка за сите прашања кои ја засегаат Финансиската полиција, орган во состав на Министерството.
Блажо Трендафилов, директорот на Управата за финанско разузнавање, за соработката со министерството и министерот за финансии, вели дека постојано се во контакт.
“Со министерството за финансии, воедно и како наш „родител“ имаме одлична соработка. Одржувањето на редовните координации со министерот како и неговата непосредност преставуваат добра основа за продлабочување на соработката на сите и самото министерство.
Имено, комплетниот финансиски систем е ланчан, а меѓуинституционалната соработка е клучна за постигнување на напредок и успех на нашето поле како и на полето и надлежностите на другите органи.
УЈП, Царината, Финансиската полиција, итн. се наши, а ние нивни партнери во остварувањето на надлежностите. Размената на добрите практики и искуства е секогаш добредојдена на било кое поле. Благодарение на ваквата редовна комуникација, имаме реализирано низа активности кои се однесуваат на полето на справувањето со нелегалните активности и корупцијата“, вели тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Министерство за финансии