еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Запознајте ги чуварите на јавните пари: Како инспекторот Муареми стана директор на Управа за финансиска полиција

Во серијал, еМагазин Ве запознава со чуварите на јавните пари.

Арафат Муареми, директор на Управа за финансиска полиција и пред да дојде на оваа функција работел како инспектор во Управата.

Роден е во Гостивар во 1982 година, а основно и средно училиште завршува во с.Дебреше.

Дипломирал на Правниот факултет на Универзитет на Југоисточна Европа во Тетово, во 2012 година го положил правосудниот испит, а следната и нотарскиот испит.

Првото работно искуство го има во 2006 година во приватна компанија како консултант од областа на правните науки, а потоа работел со договор за волонтерство во Основен Суд Гостивар.

Во 2008 година се вработнува во Управата за финансиска полиција како инспектор и работел во Секторот за интегрирани и финансиски истраги – Одделение за откривање на злоупотреби на службена положба, Секторот за интегрирани и финансиски истраги – Одделение за откривање на кривични дела со кои е стекната противправна имотна корист од значителна вредност, Секторот за криминалистичко разузнавачка анализа – Одделение за откривање на корупција при јавни набавки.

Во периодот од 2015 до 2017 година, по наредба од Јавен обвинител е дополнително ангажиран како истражител во Специјалното јавно обвинителство.

Директор на Управата за финансиска полиција станува минатата година, а претходната е именуван за в.д. директор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Запознајте ги чуварите на јавните пари: На директорката Лукаревска, УЈП и е втор дом

Запознајте ги чуварите на јавните пари: Трендафилов, директор на Управата за финанско разузнавање, фан на спортот и Леонардо Да Винчи

Запознајте ги чуварите на јавните пари: Директорот на Царината, Танасоски има брат близнак и ќерки близначки

Фото: Министерство за финансии/Муареми/Фејсбук/Управа за финансиска полиција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Турскиот театар од Скопје склучи договор со Универзал-Балкан вреден 3,7 милиони евра

Редакција

Таневски, Македонецот кој дизајнира за Мерцедес: Институциите со „северна“ да не го користат моето име и дело

Редакција

Кичевецот е негативен на тестот за мајмунски сипаници

Редакција