„Заспаниот имунитет“ е причината зошто децата овој период се подложни на вирусни инфекции, дури и несвојствени за овој период од годината.
Истражувањето на тимот на лекари во гевгелиската болница, но и во другите делови од државата покажа дека респираторните инфекции кај децата, кои не се типични за овој период од годината се поради обични вирусни инфекции.
Тие не се поврзани со Ковид-19, бидејќи серолошките анализи покажале дека децата немаат антитела на вирусот. После еден долг период на затвореност, децата почнаа да се дружат меѓу себе и нормално е да си пренесуваат вируси и бактерии.
Како да се подобри нивнот имунитет?
Спиење
Сонот на децата е потребен за раст и одмор од дневните активности. Познато е дека хормонот на раст најмногу се лачи за време на спиење. За предшколски деца потребен е 10 часа сон, а за поголеми 7 до 8 часа.
Течности
На децата им се потребни доволно течности, пред се вода, млеко, јогурт и природни сокови. Избегнувајте газирани пијалоци кои содржат шеќер и вештачки засладувачи. Млекото и јогуртот се богати со калциум кој е важен за растот. Ензимите во јогуртот ја враќаат рамнотежата на дигестивниот систем. Се препорачуваат околу 8 часа пијалоци дневно, а додека се болни количината се зголемува двојно.
Исхрана
Свежото овошје и зеленчук се најдобар избор на витамини и антиоксиданти. За одредено овошје и зеленчук е докажано дека поттикнуваат функцијата на имуниот систем. Од овошје тоа се јагоди, папаја, гуава, грејпфрут, боровница, кајсија, манго и банана а од зеленчук домат, брокула, спанаќ, сладок компир, морков, тиква, кромид и лук.
Треба да се намалат благите работи, бидејќи делуваат имуносупресивно, намалувајќи го бројот на лекуоцити и создавањето на антитела. Треба да се внесуваат и добри маснотии како маслиново масли и морска риба како извор на омега три незаситени масни киселини и да се намалат оброците во вид на брза храна.
Суплементи
Витамините и минералите подобро се искористуваат во организмот ако се преку свежа храна. Со нивно венсување треба да се биде внимателен посебно кај помалите деца кои немаат развиено систем за варење. Најдобро е суплемнетите да се применуваат за време или по биолеста. Во препратите треба да ги има Ц,Е и А витамините кои покрај стимулација на имуниот систем имаат и дејство на уништување на слободните радикали. Од минералите најважен е цинкот кој стимулира создавање на лимфоцити.
Физичка активност
На децата им треба физичка активност најмалку половина час дневно. Препораката на Светската здравствена организација за деца на возраст од 5 до 17 години е да имаат најмалку 60 минути средна до интензивна физичка активност во текот на денот. Тоа може да биде во вид на организиран спорт, но и трчање, возење велосипед.
Бидете добар пример
Децата треба да растат во убаво опкружување во чист дом, секојдневно капење и развивање на хигиенски навики. Родителите треба да им бидат добар пример во однос на правилната исхрана и навики за вежбање. Како децата ќе растат така ќе им се развива нивниот имун систем, па се подобро ќе се бори против инфекции и поретко ќе заболуваат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Децата од Гевгелија имаат обична вирусна инфекција, им се „буди“ имунитетот, вели Филипче
Фото: Photo by Robert Collins on Unsplash