Владата по оставката на Зоран Китанов како што објави еМагазин, го предложи Игор Милев за местото претседател на Одборот на директори на Македонски телеком од редот на неизвршни членови.
Тој новата функција ќе ја извршува од следниот месец.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Игор Милев кој Владата го предлага на местото на Зоран Китанов во Македонски телеком
Тој досега извршувал неколку државни функции, но на веб страната на Антикорупциската комисија бидејќи моментално нема таков ангажман, неможе да се најдат податоци за неговиот имот.
Милев е сопруг на судијката во Апелациониот суд, Тања Милева, која доставила анкетен лист до Комисијата кога станали судијка, кој еМагазин го разгледа.
Каков имот пријавила Тања Милева
Според нејзиниот анкетен лист на свое име нема ништо.
Како заеднички имот пријавила стан во Скопје од 86 метри квадратни.
На име на сопругот пријавила возило Фолксфаген голф.
Како заеднички имот пријавила и два кредити, од 2,1 милиони денари и 457,9 илјади денари, подигнати во 2017 година, кои требало да ги вратат лани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ