еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот поседува Петар Атанасов, кандидат за нов заменик-министер за образование?

Пратеникот Петар Атанасов од редовите на СДСМ си поднесе оставка и на следната собраниска седница најверојатно ќе биде назначен за заменик мининистер за образование.

Во неговиот анкетен лист може да се види каков недвижен и движен имот поседуваат Атанасов и неговата сопруга.

Како заеднички имот имаат стан во Охрид од 64 квадрати, неговата сопруга има сопственост во наследени куќи во Струмица и во Скопје и поседува стан од 61 квадрат во Скопје.

Атанасов е сопственик на стан од 42 квадрати во Скопје и има склучено преддоговор за купопородажба на стан. Тој вози хјундаи од 2009 година вредно 800.000 денари.

Фото:Фејсбук/Петар Атанасов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мизрахи не е повеќе министерка, пратениците ја разрешија пред зори

Редакција

„Гепек во најава“: Твитер реакции за тоа дека бизнисменот Сеад Кочан треба да се јави во затвор на 17. јули

Редакција

Има ли крај: Рокот за изградба на автопатот Кичево-Охрид, продолжен до крајот на 2026

Редакција