еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил вицепремиерот Кочо Анѓушев, кој најави повлекување од политиката

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев по изборите напролет најавува повлекување од политиката и враќање на бизнисот.

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Државната комисија за спречување на корупција кога станал вицепремиер.

Каков имот пријавил?

Според неговиот анкетен лист, на свое име има куќа во Скопје од 308 метри квадратни, проценета на 21,5 милиони денари. Во Скопје на негово име и стан од 116 метри квадратни, проценет на 8,5 милиони денари.

Куќа има и во Грција, од 214 метри квадратни, проценета на 15 милиони денари, а стан има и во Белград, кој е проценет на 7,7 милиони денари, а е од 70 метри квадратни. Целиот овој недвижен имот е стекнат со договор за купопродажба.

Има неколку автомобили, Мини кантримен, Ауди и Масерати и чамец Регал…

На име на брачниот другар пријавил уште еден стан во Скопје, а на свое име неколку деловни простори.

На свое име пријавено и рента од стан и деловен простор, побарувања, удели, благородни метали, денарски и девизни депозити…

Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Му се враќа на бизнисот: Анѓушев по изборите, ќе се збогува со политиката

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Првата љубов на Заев му била од Горњи Милановац, а првата милионска заработка од сушени пиперки

Редакција

Српската полиција уапси 22-годишен државјанин на Македонија поради поседување 313 парчиња муниција со различен калибар

Редакција

Арбен Таравари избран за в.д претседател на Алијанса за Албанците

Редакција