Единствениот кандидат, Весна Дамева е нова претседателка на Судскиот совет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Весна Дамева е нов претседател на Судски совет
Која е Весна Дамева, новата претседателка на Судскиот совет
Изборот на Дамева, доаѓа откако Павлина Црвенковска минатата недела, на неколку месеци од истекот на мандатот поднесе неотповиклива оставка од позицијата претседател на Судски совет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавила Павлина Црвенковска, претседателката на Судскиот совет која поднесе оставка
еМагазин го разгледа нејзиниот анкетен лист кој го поднела до Антикорупциска комисија кога станала член на Судскиот совет.
Каков имот пријавила
Според нејзиниот анкетен лист на свое име има пријавено стан во Скопје од 54 метри квадратни, а на име на сопругот пријавила уште еден стан во Скопје од 62 метри квадратни.
Како заеднички имот пријавила благородни метали и уметнички и колекционерски предмети.
На име на сопругот пријавила скапоцени часовници, возило Ауди А6, банкарски сеф во кој чува 2,2 милиони денари, акции и удели, но не навела каде.
На негово име пријавила и побарувања по основ на заем, а на име на децата орочени денарски и девизни депозити.
Има и кредит од 320 илјади денари, кој треба да го врати до 2026 година.
Фото: МИА