еМагазин
Image default
Бизнис

Какви се очекувањата на НЛБ Банка за престојниот период?

НЛБ Банка АД Скопје преку Македонската берза објави какви се очекувањата на банката за престојниот период. Оттаму го потенцираат влијанието на кризата предизвикана од корона вирусот, но најавуваат дека и покрај тоа ќе се фокусираат на одржување или зголемување на пазарниот удел.

„Македонската економија ја заврши 2019-тата година со економски раст од 3,6% кој бил придвижен од домашната побарувачка, при соодветно поставена монетарна политика и стабилен банкарски систем.

На крајот на првиот квартал од 2020 година со воведувањето на вонредна состојба во државата како резултат на пандемијата Ковид-19 и превземените мерки за здравствена заштита од страна на Владата на Р.С.Македонија, економската активност значително се намали.

Пандемијата се очекува да има значително негативно влијание на македонската економија, а влошувањата на економските показатели се очекуваат да се засилат во вториот квартал на 2020 година поради прелевањата од глобалната и домашната рецесија.

Новите предвидувања прикажуваат пад на БДП од 1,4% согласно оптимистичкото сценарио на Светска Банка и пад од 4,0% согласно Меѓународниот монетарен фонд. Народната банка предвидува пад од 3,5% за 2020 година.

Сепак, имајќи во предвид дека ова е „еднократна“ глобална криза, која не потекнува од финансиските пазари, но сепак како резултат на нејзината големина и непредвидливост остава голема неизвесност за сите компании, попрецизни економски и финансиски предвидувања не се достапни во моментов.

Во таа насока, НЛБ Банка АД Скопје, како втора системски значајна банка и трета банка по големина во Р.С.Македонија, постојано го следи развојот на кризата, влијанието на банкарските финансиски позиции и следствено проактивно ги прилагодува своите деловни операции.

Иако во фокусот на оваа година ќе биде справувањето со пандeмијата Ковид-19 како клиентски ориентирана банка, ние ќе продолжиме да превземаме мерки за заштита на нашите клиенти и да ги нудиме најоптималните решенија. Банката ќе продолжи да ги следи светските технолошки трендови, и како современа и креативна банка ќе биде посветена на дигитализацијата и унапредување на банкарските процеси.

Во фокусот на банката ќе биде и одржувањето или зголемување на пазарниот удел по различни сегменти во банкарскиот сектор на Република Северна Македонија во зависност од преземениот ризик, влијанието на адекватноста на капиталот и профитабилноста. Како и досега, банката интензивно ќе работи на развој на знаењето и вештините на човечките ресурси како главен столб на доброто работење, како и на развој на информатичкиот систем на банката“, соопштија од НЛБ Банка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продаден блок акции од НЛБ Банка за 266.000 евра

НЛБ Банка оствари добивка од 6,8 милиони евра за три месеци

НЛБ Банка со промотивна кампања за кредитите за физички лица до 30- ти јуни

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Комерцијална банка оствари добивка од 28,9 милиони евра

Редакција

Сопствениците на ресторани и музичарите на протест побараа укинување на забраната за работа, најавија и нови протести

Редакција

Звучни имиња на новата листа должници на УЈП

Редакција