еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Камчев побара да биде изземен како сведок зашто му бил нарушен кредибилитетот

Јордан Камчев на денешното судско рочиште побара да се иземе од својството на сведок во случајот „Меѓународен сојуз”. Своето барање Камчев, го надоврза со притворот што претходно му беше одреден.

– Ако ја кажам вистината…За кршење закон каде мојот кредибилитет како сведок е нарушен и нема да му бидам во корист на Обвинителството, рече сведокот Камчев.

Ова барање беше отфрлено од обвинителката Ивана Трајчевска, која рече дека притворот е одреден за друг случај, кој не е поврзан со овој судски предмет.

Во продолжение на својот исказ сведокот Јордан Камчев, рече дека прв пат за Меѓународен случај, разбрал во 2018 година. До него имало понудено две предлози еден за изградба фешн мол и другата за страречки дом.

– Во овој случај фалат и лицата Зоран Милевски, Катица Јанева и нејзиниот син.

Првиот не го прифатив, бидејќи мислев дека нема економска логика. Вториот предлог за старечки дом исто го одбив. Ми беше кажано дека од ова има интерес синот на Катица Јанева и од тогаш почна тортурата врз мене, рече сведокот Камчев, кој додаде дека во документот бил потпишувано лицето Лазар Јанев.

Камчев во судницата беше спроведен од Истражниот затвор во Шуто Оризари каде што издржува 30-дневен притвор.

Обвинети во овој случај се Бојан Јовановски, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, (таткото на прво обвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“. Ременски е обвинета за „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, Миле Јовановски се терети за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“.

Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сведоштво за „Меѓународен сојуз“: Камчев платил 300.000 евра рекет на Боки 13

(ВИДЕО) Камчев од притвор спроведен до суд да сведочи за „Меѓународен сојуз“

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пуштена во употреба високонапонска трафостаница во Штип

Редакција

Убава вест: Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција

Малолетничка од Скопје почина по пад од трицикл

Редакција