Иако сите политички партии вчера едногласно се изјаснија дека ќе ги почитуваат владините препораки за спречување на ширењето на корона вирусот зачудува што на лидерската средба во Владата воопшто не станало збор за одложување на изборите.
Сега се наметнува дилемата дали македонските граѓани ќе бидат сведоци на први избори без јавни собири, митинзи и непосредни средби со граѓаните, што беше практика во сите изминати изборни циклуси или пак политичките партии, но и Владата калкулираат до последен момент со одложување на изборите.
Имено, тие сигурно се свесни дека постои сериозна можност граѓаните да бидат оневозможени да гласаат поради евентуално ширење на болеста односно продолжување на актуелните препораките за изолација. Би било контрадикторно од една страна да се бара граѓаните да седат дома, а потоа од нив да се бара да излезат на гласање.
Иако се на сила мерки за превенција и спречување на понатамошно ширење на болеста, за жал случаите како што се оној со директорката на Клиниката за кожни болести, но и полните кафулиња деновиве не гарантираат брзо замирање на зарзата од корона вирусот.
Многу поразвиени земји како Велика Британија веќе размислуваат за одложување на изборите. Државната изборна комисија во оваа земја веќе препорача локалните избори закажани за мај, годинава да биде одложени до есента.
Од друга страна, засега во Србија се уште наме одложување на парламентарните и локалните избори закажани за 26 април, ниту пак во Франција на локалните избори закажани за викендов каде граѓаните ќе мијат раце пред да гласаат.
Сепак , кај нас се чини дека политичарите избраа да чекаат пет до дванаесет за да видат како ќе се развива заразата со корона вирусот и сега како никој да не сака јавно да побара одложување на изборите за тоа да не се злоупотреби од политичките противници како страв од гласачите, што секако е најмалку важно кога станува збор за здравјето на граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Спасовски и партиските лидери воопшто не разговарале за одложување на изборите
Филипче: Тешко е во овој момент да се каже дали ќе има одложување на изборите
Фото: Влада