еМагазин
Image default
Балкан

Каракачанов по катастрофалните резултати поднесе оставка и повика партиите да не отстапуваат од заштитата на бугарските интереси во Македонија

Лидерот на бугарската ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов, поднесе оставка на функцијата во партијата, откако претрпе пораз на парламентарните избори во Бугарија.

„По анализата на изборните резултати раководството на ВМРО, преку Извршниот комитет донесе одлука да поднесе оставка и да свика Организациски совет со цел подготовка и свикување на конгрес на ВМРО-БНД.

Задачата на тој конгрес ќе биде да се донесе одлука за иднината на организацијата и да избере ново раководство.

Остануваме верни на бугарската национална кауза. Ги повикуваме бугарските политички партии, претставени во Народното собрание да не отстапуваат од заштитата на бугарските интереси во Македонија. Кауза која што ние ќе ја браниме по секоја цена”, напиша Каракачанов на неговиот Фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Не е нормално да летате од Софија за Скопје преку Виена“: Победникот на изборите во Бугарија, Петков најави нов пристап и подобри односи со Македонија

Фото: Фејсбук/Каракачанов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грција ги отвара границите за македонските граѓани од 15 јуни

Редакција

Просечната возраст е 26 години: Расте бројот на нови случаи со Ковид-19 во Грција

Редакција

Вархеји: Отворен Балкан е можност за забрзување на патот кон ЕУ

Редакција