еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Карантин при влез во Германија за македонските граѓани

Сите лица што престојувале во ризична област десет дена пред влезот во Германија, мора начелно да одат во карантин откако ќе влезат во оваа држава, објави на Фејсбук, Германската амбасада во Скопје, посочувајќи дека ова важи и за оние што пристигнуваат од земјава, бидејќи земјава моментно е назначена како „ризично подрачје со особено голем ризик на инфекција од Ковид-19“.

Амбасадата додава дека оваа обврска за карантин важи независно од државјанството, а изземени се само патници кои транзитираат со автомобил или авион.

„Сите лица се дополнително обврзани најмногу 48 часа пред влезот да направат Ковид-тест, чиј резултат треба да го носат со себе на хартија или како електронски документ на германски, англиски или француски јазик и во рок од десет дена по влезот и веднаш да и го приложат на надлежната служба по барање, а пред да тргнат на пат да се пријават на веб-страната www.einreiseanmeldung.de, “се наведува во објавата на Амбасадата.

Од амбасадата додаваат дека само ако не е можно дигитално пријавување за влез, може да се приложи известување во писмена форма како замена за него, но патниците мора да носат со себе испечатена потврда од нивната пријава.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Еден од најпознатите италијански дизајнери, Додо Арслан ќе одржи мастерклас посветен на италијанскиот дизајн

Редакција

Учениците во Србија почнуваат со настава, училиштето каде што се случи масакрот уште без настава

Редакција

Антикорупциска оформи предмет за именувањето на Христовски за директор на АНБ

Редакција