еМагазин
Image default
Балкан

Карантинот по влез во Словенија скратен од 14 на 10 дена

Експертскиот медицински тим што ја советува словенечката Влада пред неколку дена предложи да се намали времетраењето на задолжителниот карантин од 14 на 10 дена.

Од денеска карантинот во Словенија е скратен од 14 на 10 дена, а се однесува на патници кои доаѓаат од земји со висок ризик, како и за лица кои биле во контакт со заразени лица, пренесува СТА.

Експертскиот медицински тим што ја советува словенечката Влада пред неколку дена предложи да се намали времетраењето на задолжителниот карантин од 14 на 10 дена.

„Ризикот од заразување може да биде малку поголем, но оваа мерка ќе го намали притисокот врз словенечката економија“, смета епидемиологот Бојана Беовиќ.

Како што пренесува агенцијата СТА, овој предлог е поддржан и од словенечкиот министер за здравство Томаж Гантар, со образложение дека поголемиот дел од заразените од Ковид-19 покажуваат симптоми на болеста во рок од 10 дена.

На неодамнешниот состанок на министрите за здравство од ЕУ, беше постигнат поширок консензус по препорака луѓето што доаѓаат од области со висок ризик да поминат десет дена во карантин.

Доколку тестот биде негативен, тој период може да се скрати на пет дена, но сè уште не е постигнат договор таквата препорака да биде усвоена на ниво на ЕУ.

Во Словенија, по над 100 нови случаи на коронавирусот се потврдени во претходните два дена, најмногу од почетокот на пандемијата. Според последните податоци, во Словенија досега биле заразени 3.603 лица, а 135 починале.

МИА/Фото: Н1

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Српски парламентарец тврди дека Вучиќ го шпионира разузнавачка група сместена во авто-салон во Скопје

Редакција

Вакцинираните со две дози од утре слободно може да влезат во Хрватска

Редакција

(Фото) Ако се паркираш на место за инвалиди во Љубљана, името ќе ти се појави на билборд

Редакција