еМагазин
Image default
Балкан

Карантинот во Грција ќе биде продолжен до 6 декември

Одлуката за рестриктивните мерки што важат сега, ќе биде продолжена до 6 декември, рече, меѓу другото, генералниот секретар за трговија и заштита на потрошувачи на Грција, Панајотис Стамбулидис во интервјуто за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

Стамбулидис го потврди она што го споменуваа и други претставници на грчката Влада дека карантинот во Грција, сепак нема да заврши на 30 ноември, како што првично беше одлучено.

Објасни дека економијата ќе почне постепено да се отвора, со конкретни правила по укинувањето на рестриктивните мерки, но кога тоа ќе биде одобрено од епидемиолозите.

Препораките на епидемиолозите ги очекува и Министерството за образование на Грција во однос на тоа кога ќе се отворат училиштата, кои веројатно ќе бидат меѓу првите што ќе се вратат во новата нормалност.

Министерката за образование Ники Керамеос во интервју за државната телевизија „ЕРТ“ рече дека приоритет е да се отворат училиштата, „бидејќи ништо не може да ја замени наставата со физичко присуство на учениците“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Празни улици и затворени продавници, нема шетање покрај море: Како изгледа Солун во карантин

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рама: Вучиќ може да оди и на Месечината, но на крај пак ќе седне со властите на суверено Косово

Редакција

Детето вежбало стрелање: Уапсен е таткото, пиштолот бил со легална дозвола и бил чуван во сеф

Редакција

Румен Радев е старо-новиот бугарски претседател, откако победи на изборите и освои втор мандат

Редакција