Народно ослободителната армија на Кина по намалувањето на бројноста ќе има речиси два милиона војници, се нагласува во денеска објавената „Бела книга за националната одбрана на Кина во новата епоха“.
„Триста илјади лица од составот се намалени за да се одржи бројноста на армијата во рамки на два милиона војници“, е наведено во Белата книга.
На тој начин, како што е посочено во Книгата, бројот на вработени во раководните единици е намален за 25 отсто, а во невоените формации за 50 проценти.
Пред почетокот на реформата во 2015 година, кинеската армија имаше 2,3 милиони луѓе.
Интересно е што според последниот попис во нашата земја има околу два милиона жители, бројка што со сигурност е намалена поради континуираните иселувања во изминатава деценија, така што и по намалувањата кинеската армија брои повеќе војници отколку нашата држава жители.