еМагазин
Image default
Македонија

Клиничка болница Тетово: Поплаки околу хоспитализиција, инфектолог одредува кој останува на лекување

Во врска со зачестените поплаки на граѓаните дека не се примени на лекување на инфективното одделение со симптоми на Ковид-19, од Клиничка болница Тетово велат дека поради комплексноста на болеста и состојбата специјалист по инфективни болести треба да одлучи кој останува на болничко лекување.

До денеска напладне во Клиничката болница има 47 хоспитализирани, а пред две недели имаше 51.

-Се јавуваат дека не се примени, се јавуваат и кај мене. Но, дошол некој, а кашла и има бронхит, можеби пред една година го примиле за да го иследат, сега не очекувајте со еден ларингит и бронхит да ве прими на инфективно одделение.

Јас ги разбирам пациентите и тие се во паника, сите сакаат на време да дојдат и да добијат лекарска помош. Ова е и парадоксално. Ние бараме навреме да ни се јават, а има моменти кога викаме зошто дошле покасно. Како и да е, лекарите се таму и работат, има гужва и администрација многу, изјави Гзим Нуредени, координатор на ковид – центарот на денешната неделна средба со новинарите.

Докторот потенцира дека ковид – центарот се соочува со многу повозрасни лица со повеќе хронични болести. Воедно, постојано се прави реорганизација кај персоналот, а дел од нив исто така се се заболени поради коронавирусот или пак се во изолација.

-Се работи за непредвидлива болест. Ако ставиме одредена граница и тој што кашла треба да го примиме. Така ќе треба 1.000 кревети, да ги примиме и да ги опсервираме. Инфектолог треба да одлучи врз база на сатурација на кислород и според параметри од крвна слика, по што ќе реши дали да се хоспитализира или може дома да лекува некој, вели Нуредини.

На новинарско прашање околу проблеми со испитување на коагулација на крвта преку испитување D-димери, Нуредини вели дека Клиничката болница има соодветни реагенси.

Вчера биле дијагностицирани тројца здравствени работници со Ковид-19 од Клиничката болница Тетово.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицискиот час го прекршиле 44 лица, 432 казни за неносење на маска

Редакција

Академик Ќулавкова: Препораките на Комисијата се само уште еден обид да се проблематизира македонскиот идентитет, неговото потекло, историски развој и легитимитет

Редакција

Изминатото деноноќие 107 граѓани не го почитувале полицискиот час, приведени 35 лица

Редакција