Клиниката Жан Митрев соопшти дека целосно соработува со институциите и дека д-р Жан Митрев по уредна покана на Основното јавно обвинителство денеска бил таму и дал своја изјава.
„Клиника Жан Митрев и сега и понатаму целосно соработува со институциите за кои и да било случај. Ние како Клиника досега, а и понатаму работиме целосно транспарентно и во интерес на пациентите. Овој однос не е само кон надлежните институции и тела во државата, туку е и кон нашите пациенти.
Знаејќи ја вистината и водејќи се според високите стандарди на работа ќе помогнеме за откривање на фактичката состојба и ги ставаме на располагање сите наши материјални и човечки капацитети за да излезе вистината во јавноста, наведуваат во соопштение до медиумите од Клиниката посочувајќи дека за понатамошниот развој ќе информираат соодветно.
Искрено веруваме, се наведува, дека само со транспарентен однос и отворена соработка можеме да и служиме на вистината и на етичките и моралните вредности според кои работиме,“ велат од Клиниката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителство предлага на Жан Митрев да му се одземе пасошот
Жан Митрев повикан на распит во Обвинителство