еМагазин
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е Хамас, која го нападна Израел

Милитантите на Хамас се во фокусот на светската јавност по нападот на Израел.

Станува збор за палестинска сунитско исламистичка политичка партија, која управува со Појасот Газа, а Хамас има и воено крило – Бригадите на Из Ад-Дин Ал-Касам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачки видеа) Појасот Газа е срамнет со земја по нападот на Израел

(Видео) Израел буквално го срамнува со земја Појасот Газа по нападот од Хамас

Од јуни 2007 година Хамас е на власт во Газа, на палестинските територии, откако го освои мнозинството на места во палестинскиот Парламент на палестинските парламентарните избори во јануари 2006 година, а потоа ја победи политичка организација Фатах во серија на насилни судири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што е Појасот Газа, од каде Хамас го нападна Израел

Европската унија, Соединетите Американски Држави, Канада, Израел и Јапонија ја дефинираат Хамас како терористичка организација, додека земјите како Русија, Турција и Швајцарија ја третираат како политичка и воена организација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Појасот Газа под целосна блокада, без струја, храна, гориво…

Основана за до ја ослободи Палестина од Израел

Основана е врз принципите на исламскиот фундаментализам кој се засилува по исламската револуција во Иран од 1979 година.

Хамас е основана во 1987 година (за време на Првата интифада) како огранок на египетското Муслиманско братство.

Според повелбата на Хамас, таа е основана за да ја ослободи Палестина од израелската окупација и да се воспостави исламска држава во област која е сега Израел, Западниот Брег и Газа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Вознемирувачки видеа) Шокатни снимки од киднапирани Израелци од страна на Хамас

(Вознемирувачки видеа) Хамас уби над 260 млади на транс фестивал во Израел

Фото: Shutterstock

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе Предлог закон со кој пратениците ќе имаат само македонско државјанство

Редакција

Бројката на починати лица од Ковид-19 надмина 9.000: Во изминатото деноноќие починале седуммина

Редакција

(ВИДЕО) Министерот Дамјан Манчевски приватно: Ако не бев политичар ќе бев инжинер

Редакција