еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е Кејт Мери Брнс, новата амбасадорка на САД во Македонија

Новата амбасадорка на САД во земјава, Кејт Мери Брнс ги помина сите административни процедури пред да дојде во Македонија и да почне да ја извршува својата нова функција.

Брнс е именувана од претседателот на САД, Доналд Трамп, пред повеќе од една година, а последната процедура беше добивање подршка од американскиот Сенат.

Која е Кејт Мери Брнс 

Брнс доаѓа на местото на Џес Белји, кој не е на оваа функција од крајот на февруари годинава.

Таа е во дипломатијата повеќе од 26 години, а на амбасадорското место во земјава доаѓа како заменик шеф на мисијата на САД во Атина, Грција.

Претходно беше постојан претставник на Мисијата на САД на ОБСЕ во Виена, Австрија.

Како што најави Брнс пред американските институции во текот на процедурата, таа ќе се залага за цврсто партнерство на САД со Македонија, а главни приоритети ќе и бидат стабилноста, унапредувањето на човековите права и безбедноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев се прости со амбасадорот на САД, Џес Бејли и му подари фотографија со посвета

Ахмети срдечно се збогува со Бејли: Кога и да дојдеш ќе најдеш конак во мојата куќа, чао пријателе!

Фото: Американска амбасада во Грција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Портокалова велосипедска тура, изложба на карикатури и холандски пазар на отворањето на Деновите на Холандија во Ист Гејт Мол

Редакција

„КА-ДИС“ го доби тендерот на Министерството за здравство за набавка на 7 амбулантни возила вреден 240.000 евра

Редакција

Акциите на Комерцијална, НЛБ и Алкалоид најтргувани на Македонската берза

Редакција