еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Која е компанијата „Аитоникс“ со која Владата склучи договор за сајбер безбедност на институциите

Друштвото за производство, трговија и услуги, Аитоникс АД Скопје во следните три години ќе ги обезбедува лиценците за софтверот на институциите.

Како што објавивме Друштвото склучи договор со Генералниот секретаријат на Владата во вредност од 1.520.343.083 денари или 24.721.026 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Генералниот секретаријат на Владата склучи договор со “Аитоникс“, вреден 24,7 милиони евра

Друштвото и досега имаше ваков договор со Владата, но овој пат цената за услугите е повисока за 10 милиони евра.

Која е компанијата Аитоникс

Според податоци кои можат да се најдат на официјалната страна на Друштвото, тоа има 20-годишно искуство во дистрибуција и продажба на ИТ производи.

Аитоникс е една од најголемите компании за ИТ дистрибуција и изработка на софтвер која оперира на македонскиот пазар и на пазарите во соседните Албанија, Косово и Бугарија.

Компанијата е официјален дистрибутер на некои од најпознатите светски ИТ брендови како Acer, Dell, Lenovo, Lexmark, Microsoft, Xerox, итн..

Освен дистрибуција на ИТ производи, компанијата има и експертски оддел за развој на специјализирани софтверски решенија.

-Важен дел од услугите кои ги нудиме е и постпродажното опслужување во сертифицираниот сервис на компанијата кој одговара на потребните меѓународни стандарди, пишува на официјалната страна на компанијата, а нејзин најнов фокус е создавањето на Академија за обуки и развој, која ќе понуди квалитетни и модерни системи за лично и професионално унапредување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кипар ја отстрани Македонија од листата на земји за патување на островот

Редакција

56-годишен маж од Валандово пронајден починат во својот дом

Редакција

Инспекциски надзор на Клиниката за гинекологија по обидот за самоубиство на родилка

Редакција