Маја Морачанин доби уште еден мандат да ја води ДОМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Маја Морачанин повторно избрана за претседателка на ДОМ
Која е Морачанин
Маја Морачанин е родена на 14 април 1970 година во Скопје.
По професија е лекарка
Дипломирала на Медицинскиот факултет во Скопје како доктор по медицина, а има и специјализација за физикална медицина и рехабиталиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавила Маја Морачанин, која повторно е избрана за претседателка на ДОМ
Политичка кариера
Таа е актуелен пратеник на ДОМ.
Заменик-член е во Националниот совет за евроинтеграции, член во Постојната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, Комисијата за здравство, Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, заменик-член во Комисијата за транспорт, врски и екологија, член на Делегацијата на Собранието во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Република Австрија, Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Сојузна Република Германија и Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Кралството Холандија.
Фото: ДОМ