еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Анета Симеска Димоска, која доаѓа на местото на Стојко Пауноски на директорската позиција во Државниот пазарен инспекторат

Владата на седница на предлог на Комисија за именување ја именуваше Анета Симеска Димоска за в.д. директор на Државниот пазарен инспекторат, орган во состав на Министерството за економија.

Таа доаѓа на местото на Стојко Пауноски, кој беше разрешен од Владата на 27 април 2021 година, поради, како што соопшти тогаш Владата, непрофесионално однесување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анета Симеска Димоска именувана за в.д. директор на Државниот пазарен инспекторат

Која е Симеска Димоска

Родена е на 13.3.1970 година во Прилеп, стои во нејзината официјална биографија.

Таа е дипломиран инженер технолог на Технолошко-металуршки факултет во Скопје.

Симеска Димоска е магистер по бизнис администрација со специјалност за комерцијална ревизија на финансиски извештаи во услови на примена на информациските технологии.

Професионална и политичка кариера

Член е на владејачката СДСМ и има 28-годишно работно искуство, од кои 19 години како државен пазарен инспектор, а од 2017 до 2020 година беше пратеник во Собранието.

Додека беше пратеник беше член на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, член на Комисијата за уставни прашања, заменик-член на Комисијата за економски прашања, заменик-член во Комисијата за локална самоуправа, заменик-член во Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС ПСЈИЕ), член на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Народна Република Кина, член на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Словачката Република и член на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Чешката Република.

Фото: Фејбук/Симеска Димоска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Востоличувањето на митрополитот Крушевски и Демирхисарски Јован, условен со неприсуство на Бигорското монашко братство

Редакција

Груевски: Ниту сум организирал, ниту сум дал согласност некој да организира насилен упад во Собранието

Редакција

Само 6.257 активни случаи на Ковид-19: Нови 123 заболени од 2.598 тестирања

Редакција