еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кој е Есад Рахиќ, новиот в.д. директор на затворот „Скопје“ во Шутка

Владата ја констатираше оставката на директорот на истражниот затвор – „Скопје“, Ѓоко Котевски.

На предлог на Управата за извршување санкции за в.д. директор на оваа институција е назначен Есад Рахиќ.

Кој е Рахиќ?

Рахиќ е роден во 1964 година.

Тој е магистер по безбедносни науки и поранешен претседател на Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата на разузнавање, како и поранешен претседател на Комитетот за одбрана и безбедност при македонското Собрание.

Својата политичка кариера ја започнува како член на СДСМ. Станува пратеник на партијата во 2002 година и на таа позиција е до 2006 година.

Во тој период е исклучен од партијата, а во вториот пратенички мандат од 2006 до 2008 година делува како независен пратеник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Есад Рахиќ нов директор на затворот во Шутка

Фото: ТВ Алфа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Во штипскиот регион излекувани 25 пациенти од коронавирусот

Редакција

Бугарија била државата која најсилно ја поддржува европската интеграција на Македонија и Албанија, изјави Генчовска

Редакција

(ВИДЕО) Американскиот секретар за одбрана Матис: Референдумот е најважниот глас во вашата историја

Редакција