Фатон Ахмети си поднесе оставка од позицијата директор на Фондот за здравство осигурување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По оставката на Фатон Ахмети, Асаф Абдурамани назначен за в.д. директор на Фондот за здравство
Директорот на Фондот за здравство, Ахмети, поднесе оставка
Тој е кадар на владејачката ДУИ, каде е и член на Централниот совет.
Ахмети не ја откри причината за оставката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Фатон Ахмети, директорот на Фондот за здравство, кој поднесе оставка
Кој е Фатон Ахмети
Роден е во 1987 година во Тетово.
Според неговата биографија има завршено дипломски студии по фармација, магистерски студии по фармацевтски науки и магистерски студии по бизнис администрација – менаџмент.
Женет е и е татко на едно дете.
Работно искуство и политичка кариера
Во периодот 2009-2017 година бил ангажиран на различни проекти во здравствениот сектор, на повеќе позиции: проект менаџер, менаџер на квалитет, менаџер на корисничка поддршка и аналитичар на работни процеси, стои во неговата биографија.
Во периодот 2017-2019 година ја извршувал функцијата државен секретар во Владата – Секретаријат за спроведување на Охридскиот рамковен договор.
Во периодот 2019-2020 година бил ангажиран како раководител на одделение во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.
Зборува македонски и англиски јазик, а како што стои во неговата биографија има и „солидно познавања на германски јазик, а се служи со турскиот, српскиот и хрватскиот јазик“.
Од 2005 година е член на ДУИ.
Фото: Фејсбук/Ахмети