еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Костадин Костадинов, новиот градоначалник на Струмица

еМагазин во серијал ќе Ви ги престави градоначалниците кои беа избрани во првиот круг од Локалните избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг доби 22 градоначалници, СДСМ 9, во вториот битката ја продолжуваат во 25 општини

Кој е Костадин Костадинов

Костадин Костадинов, пратеникот на СДСМ е новиот градоначалник на Струмица.

Роден е во март 1990 година во Струмица.

Политичка кариера

Од 2016 до 2017 година беше вршител на должноста градоначалник на Општина Струмица откако Зоран Заев се повлече од таа функција и стана премиер.

Политичката кариера ја започнува како член на Советот на Општина Струмица.

Од ноември 2017 година Костадинов е пратеник во Собранието на Република Македонија.

Костадинов активно се вклучува во работата на СДСМ во 2011 година кога станува претседател на СДММ, младинската организација на СДСМ за Струмица и ја води истата до 2018 година.

Во периодот од 2011 до 2018 година беше и член на Извршниот одбор на СДСМ, а од 2011 до 2013 година и заменик-претседател на општинската организација на СДСМ во Струмица.

Во 2018 година е избран за член на Централниот одбор на СДСМ, а подоцна е назначен и за нејзин портпарол.

Образование

Основното и средно образование го завршил во Струмица, а високо образование завршил на Економскиот факултет при ФОН Универзитетот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Иван Јорданов, новиот градоначалник на Штип

Кој е Тимчо Муцунски, новиот градоначалник на скопски Аеродром

Фото: Фејсбук/Костадинов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Посредничка мисија: Утре во Скопје и Софија со предлог доаѓаат португалскиот министер Силва и еврокомесарот за проширување Вархеји

Редакција

(Галерија) Силјановска се поклони пред гробот на Св. Кирил во Рим

Редакција

Обвинителството треба да почне со изведување на докази: Продолжува судењето за убиството и грабнувањето на Вања и Панче

Редакција