Претседателката на Kомисијата за спречување и заштита од дискриминација, Весна Бендевска, доби закана за физичка ликвидација од претседателот на бугарската фондација “Македонија“, Виктор Стојанов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Стојанов
На македонската јавност Стојанов и стана познат минатата година кога не му беше дозволено во Македонија да внесе “бугарски книги“ за етничките Бугари, во рамките на инцијативата на фондацијата, „Испрати бугарска книга за Македонија„.
Реагираше и бугарското Министерство за надворешни работи, па на крај книгите влегоа во Македонија.
Оваа фондација пред неколку месеци се пофали и дека низ Скопје нејзини членови залепиле 10.000 налепниците на кои пишува дека сме биле еден народ со Бугарите.
30 евра за деца да учат бугарски јазик
Фондацијата во моментов е актуелна со тоа што им дава по 30 евра на децата во Македонија за да учат бугарски јазик, литература и историја во рамки на он-лајн училишите, регистрирано во Бугарија и за кое не му треба дозвола во Македонија.
Фондацијата е актуелна и со провокативното „чистење“ на споменици низ Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Антимакедонски активист
Неговата антимакедонска активност не е тајна, доволно е само да му се разгледа профилот на Фејсбук, на кој пред неколку месеци јавно објави и имиња на лица за кои тврди дека биле агенти на македонската Агенција за национална безбедност.
На Фејсбук се пофали и дека во Скопје организирал воена обука.
Активен е и во Албанија и тврди дека таму има повеќе од 50 илјади Бугари.
Фото: Фејсбук/Стојанов