еМагазин
Image default
Балкан

Коѕијас: Да бев во грчката Влада ќе го потегнев Заев за уши и тоа преку НАТО, ЕУ и Нимиц

Во мноштвото реакции во грчката јавност по изјавите на македонскиот премиер Зоран Заев се јави и поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, кој во интервју за грчката телевизија „Антена“ кажа што би направил доколку се уште беше член на грчката Влада.

-Ќе го потегнев за уши на сите начини, и од НАТО, од Европската унија и од Нимиц. Нимиц се активираше и добро направи и го потсети дека прекршува две точки од Времената спогодба и од Договорот од Преспа – рече Коѕијас, одговарајќи на прашањето што тој ќе направеше доколку се уште беше министер, јави дописничката на МИА од Атина..

Тој додаде дека две работи се важни во Договорот од Преспа и го прочита членот од договорот дека ниту една од земјите нема да се меша во внатрешните работи на другата страна.

-За тоа кој јазик ќе се изучува во Грција е во наша надлежност. Не е нивна работа – рече Коѕијас и додаде дека второто е да се промени членот 49 во македонскиот Устав.

Поранешниот шеф на грчката дипломатија во друг дел од интервјуто рече дека во изјавите на Заев, тој не нашол нешто што има врска со македонско малцинство, но констатирал дека во однос на јазикот има прекршување на два параграфа.

Коментирајќи го ставот на лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, дека Заев со изјавата ја отворил Пандорината кутија, Коѕијас рече дека опозицијата не треба да се води по толкувањата дадени од Скопје.

-Постои меѓународен договор што се уште не е ратификуван. Што значи дека не постои. Се наоѓаме во процес на ратификација. Не е добро опозицијата да ги прифаќа толкувањата што ги дава некој или некои во Скопје, бидејќи битката е и за да составиш договор, но и за да го толкуваш, рече поранешниот шеф на грчката дипломатија, пренесе МИА.

Коѕијас во интервјуто за ТВ Антена изрази сигурност дека Договорот од Преспа ќе помине во грчкиот Парламент, а за ставовите на коалицискиот партнер во грчката Влада, истакна дека не рекол дека ќе ја турне владата, „бидејќи знае дека не може“ и додаде дека според него, Каменос е „последниот што би сакал да има избори бидејќи можеби нема одново да биде избран“.

Во однос на протерувањето на руските дипломати од Грција, Коѕијас рече дека бил повикан од грчкиот премиер и неговите соработници и му било соопштена одлуката за протерување.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција ќе бара од ООН дополнителен анекс на Преспанскиот договор за македонскиот јазик

(ВИДЕО) Изјавата на Заев за македонскиот јазик која ја „покачи“ температурата во Грција

Грчкиот претседател Павлопулос со порака до Заев: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Градоначалникот на Петриња разочаран од државната помош: „Преспав и решив да не ја земеме“

Редакција

Вучиќ и Курти не се договорија во Брисел, дијалогот ќе го продолжат во Македонија

Редакција

(Видео) По митингот на Вучиќ, нов протест на опозицијата, се блокираше зградата на РТС

Редакција