Два дена по ред во Скопје се регистрирани лажни дојави за поставени експлозивни направи во неколку училишта.
Заканите за бомби стигнуваат на меил адресите на училиштата, кои беа евакуирани, по што се правеше антитерористичка проверка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пријавите за експлозивни направи во девет скопски училишта се лажни
Нови пријави за поставени бомби во девет училишта во Скопје
Лажни дојави за бомби и во Србија, Хрватска, Косово и Босна и Херцеговина
Случаи на лажни дојави за бомби периодов во регионов имаше и во соседна Србија.
Во Србија беа регистрирани серија на лажни дојави во трговски центри, училишта, аеродроми, ресторани, мостови… дури и за зоолошката градина во Белград, па тие извесен период станаа секојдневие.
Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин изјави дека: „против Србија се води специјална војна и дека целта на сите напади е Србија да престане да води независна политика и да носи одлуки под притисок и страв”, а српското Обвинителството за организиран криминал најави дека дојавите ќе бидат окарактеризирани како терористички акт.
Српската полиција утврди дека лажните закани стигнуваат од електронски адреси од Полска, Украина, Русија, Словенија, Нигерија, Иран, Гамбија…
Од почетокот на руската инвазија врз Украина, лажни дојави за поставени бомби на јавни места се регистрирани и во Хрватска, во Босна и Херцеговина и во Косово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Закани за лажни бомби во Србија испраќани од Полска, Украина, Словенија, Русија
Спасовски вели дека станува збор за хибридни напади
Во најмала рака дојавите за поставени бомби во скопските средни училишта се чин кој е монструозен и веројатно е дел од хибридните напади на кои сме изложени како држава, изјави за „Вин Вин“ на Телма, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
„Ќе се анализираат причините и ќе дознаеме зошто е тоа така. Дали се политички, дали се геостратешки, можеби и бизнис причини. Во оваа фаза ние практично ги знаеме мејловите. Знаеме од каде се пратени. Ги знаеме точните податоци во оваа насока и на тоа работиме интензивно. И ние и заедно секако со нашите партнерски служби. Се со цел да дојдеме до сторителот„, изјави Спасовски.
Очигледно е дека имаме еден атак, додаде Спасовски, посочувајќи дека тоа се случувало и во опкружувањето, но тоа не значи дека не треба да се спроведува интензивна истрага, пред се заради вознемиреноста и неспокојот кај децата, наставниот кадар во училиштата, но секако и кај родителите на учениците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Евакуирани пет училишта во Скопје по добиени закани за поставени бомби
Фото: МИА