еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

(Фото) Кои биле „министрите“ во Привремената влада на Крушевската република

По ослободувањето на Крушево, на 4 август 1903 година било свикано Собранието на градот кое одржало своја седница на која била донесена одлука за формирање на Привремена влада односно на Времен извршен совет.

Членовите на овој совет биле избрани со тајно и слободно гласање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Посмртните останки на Панко Брашнаров, кој го отвори првото заседание на АСНОМ останаа во Загреб

(ВИДЕО) Како изгледаше импровизираниот напад на Крушево

Членови на Привремената влада на Крушевската република, од лево на десно: Дину Вангел, Димитар Секулов, Ѓорѓи Чаче, Николаќи Баљу, Теохар Нешков, Христо Ќурчиев

Според етникумот и конфесионалноста во владата се нашле: еден Влав – патријаршист, еден Албанец – патријаршист, еден Влав – националист и тројца егзархисти. Затоа Димитар Секулов истакнал дека егзархистите се подготвени да отстапат две места: на еден Турчин и на еден Помак, ако во иднина има потреба од тоа.

Секој член на владата добил посебен ресор, а тие биле поделени и според слениот начин:

Дину Вангел – претседател на Советот и одговорен за правосудство.

Ѓорѓи Чаче – секретар на Советот и одговорен за реквизиција.

Теохар Нешков – касиер и одговорен за финансии.

Христо Ќурчиев – градоначалник и одговорен за полиција.

Димитар Секулов – одговорен за прехрана и производство.

Никола Баљу – одговорен за санитарниот сектор, на Баљу му биле поставени на располагање и лекарите д-р Никола Димко и д-р Батал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Питу Гули на Мечкин Камен загинал на 38-годишна возраст: Кој е приватно еден од најголемите македонски револуционери

Фото: МИА/Извор: Википедија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата воведува данок на штедење во износ од 15 отсто

Редакција

Телото на удавениот 42-годишен штипјанец пронајдено во Дојранско Езеро

Редакција

Струјата ќе поскапи за 0,4% за 88% од домаќинствата

Редакција