еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Кои компании ќе плаќат данок на солидарност

Компании, најверојатно од сите сектори, кои за време на енергетската криза оствариле дополнителни профити од просекот во последните 3-4 години, ќе бидат опфатени со т.н. данок на солидарност, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Оценката кои правни субјекти ќе плаќаат ваква дополнителна давачка, ќе оди преку УЈП, односно преку доставувањето на завршните сметки.

Детали за ова законско решение кое вчера доби „зелено светло“ од Владата, како што најави Бектеши, ќе соопшти утре или најдоцна задутре министерот за финансии Фатмир Бесими.

-Како Министерство за економија целосно го поддржуваме ова законско решение, посебно што повикувавме на солидарност, посебно од компаниите кои оствариле големи добивки во време на енергетската криза. Законот е во таа насока. Земен просекот од претходните 3-4 години на приходите на одредени компании.

Ако има зголемување на приходите во последната година, секако дека ќе платат дополнителен данок кој се вика данок на солидарност, за товарот да не биде на наредните генерации, на тие што сега живеат и во делот на намалување на дефицитот.

Ако знаеме дека ЕУ за нашата држава обезбедила 80 милиони евра во делот на справување со енергетската криза, секако дека ние треба да покажеме посветеност и тие кои направиле дополнителни добивки да плаќаат повеќе споредбено со тие кои биле целосно поддржани од страна на државата за да опстојуваат и да ги зачуваат работните места, објасни Бектеши.

Според него, најверојатно со данокот ќе бидат опфатени и енергетските компании кои се формираа минатата година, а посебно компаниите во делот на снабдувањето со нафта и нафтени деривати, имајќи предвид дека и маржата им била зголемена во време на енергетската криза зашто повикувале дека нема да снабдуваат, односно дека нема да работат со бензинските пумпи.

-Секако дека и тие кои произведуваат електрична енергија, имајќи предвид дека повеќето од малите хидроцентрали, одредени производители на електрична енергија кои имаа фидинг тарифи одлучија да се откажат од фидинг тарифите кои беа 180 евра по мегават час во делот на малите хидроелектрани и помали, за да преминат на слободен пазар за да можат да добиваат поголеми суми, имајќи предвид дека на слободен пазар се повикуваат на хупекс берзата и тие ќе бидат сите опфатени и јас мислам дека тие компании повеќето се општествено одговорни компании и ќе им излезат во пресрет на стопанството, а посебно на граѓаните и ќе целосно ќе ја поддржат оваа одлука од страна на Владата, истакна Бектеши.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) МВР доделило милионски бизнис на приватна фирма за набавка на храна иако има свои кујни, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Кои се членови на Одборот на директори на Тетекс

Редакција

Индустриското производство во април намалено за 2,6%

Редакција