еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кои од албанските партии од Македонија потврдија присуство кај Рама

Дел од албанските партии во земјава потврдија дека ќе одат на средбата во Тирана која, како што објавија медиумите, ја организира албанскиот премиер Еди Рама.

Од „Алтернатива“, „Алијанса за Албанците“ и од „Беса“ за МИА изјавија дека добиле покана за средба и дека ќе одат, но не прецизираа детали. МИА побара одговор и од ДУИ, но оттаму досега нема одговор.

– Исто како што сме одговориле позитивно на сите покани за средби, и во овој случај ја потврдуваме поканата, како и нашето присуство на вечерата организирана од премиерот Еди Рама, изјавија за МИА од Алијанса за Албанците.

Од „Алтернатива“ потврдија дека претседателот на партијата Африм Гаши ќе присуствува на средбата, но дека не се знае за што ќе се разговара.

И од „Беса“ за МИА потврдија дека е добиена покана за средба од страна на Рама, но нема детали дали некој од партијата ќе присуствува на средбата.

Агенцијата „Журнал“ јави дека Рама ги поканил лидерите на политичките партии на Албанците од земјава на неформална средба во вторник. Поканети се лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, на Движењето Беса, Билал Касами, на Алтернатива, Африм Гаши и лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Состојбата со корона вирусот од аспект на психолог: После фазата на гнев, ќе следи депресија па апатија

Редакција

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Секогаш кога СДСМ е на власт, во Македонија се прислушува

Редакција

Унгарски европратеник: Не би ме изненадило бегството на Груевски да е во договор со разузнавачките служби на другите земји на ЕУ и на САД

Редакција