еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кои политичари се на последната црна листа на САД од Македонија

Американскиот претседател Џозеф Бајден потпиша Извршна наредба со која се проширува опсегот на вонредни мерки во врска со регионот на Западен Балкан, која опфаќа и замрзнување на имотот и забрана за влез во САД на лица кои работат против Договорот од Преспа и Охридскиот рамковен договор и нивното спроведување и ги поткопуваат мирот и регионалната соработка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто Договорот со Бугарија не е потенциран во одлуката за санкции на американскиот претседател Бајден

Замрзнување на имот и забрана за влез во САД на тие што работат против Преспанскиот договор, нареди Бајден

Но, со казнените мерки ќе бидат опфатени и лица кои се одговорни за „сериозни повреди на човековите права“ и “вклучени во корупција во регионот, вклучително и проневера на јавни средства, отуѓување на приватен имот за лична корист или за политички цели и мито“.

Делот со корупцијата и проневера на јавни средства од наредбата предизвика големо внимание во Македонија, а во јавноста веќе се шпекулира кој се може да влезе на новата т.н. црна листа на САД.

Засега не е познато дали ќе има проширување на истата со нови македонски политичари или бизнисмени или дека некои имиња ќе бидат тргнати од веќе постоечката, а како што пренесува Гласот на Америка, на последната листа на санкции на Одделот за финансии на САД за Македонија, се наоѓаат Љубе Бошковски, Мендух Тачи, Џеват Адеми, Кастриот Хаџиреџа, Невзат Халили, Гафур Адили, Нури Беџети, Џавит Хасани, Џезаир Шаќири, Даут Реџепи и Џемаил Хисени.

Повеќето од нив се ставени на оваа листа за време на администрациите на Бил Клинтон и Џорџ Буш помладиот, а најголемиот дел се поранешни припадници на ОНА и АНА, а дел се и поранешни пратеници.

Партиите пак на три од овие лица, Тачи, Адеми и Бошковски, ДПА, ДУИ, Обединети за Македонија се дел од актуелната власт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ за „црната листа“ на Бајден: Ние ја почитуваме и ќе ја почитуваме волјата на граѓаните

Апасиев се самопријави за „црната листа“ на американскиот претседател Бајден

За Заев наредбата на Бајден за санкции за непочитувачите на Преспанскиот и Охридскиот договор е сериозна порака на охрабрување и мотивација

Алијанса за Албанците: Указот на претседателот Бајден ја погодува корупцијата, Владата да не манипулира

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министре Дураки ич да не жалите, фатете се за работа и заработете си ја платата

Редакција

Директорот на ТВ Алфа, Бојаџи: „ТВ Алфа“ е пријател на Албанците и на сите националности кои живеат во Македонија

Редакција

Истрага и барање за притвор за струмичанецот кој го возеше Палевски од Србија до Турција, адвокатот засега останува на слобода

Редакција