Комисијата за заразни болести, која стои зад низа мерки, препораки и протоколи во време на пандемијата со корона вирусот беше формирана на 15 март 2020 година.
Членовите на Комисијата се избираа од редот на експерти од областа на епидемиологијата, инфектологијата, микробиологијата, педијатријата, ветерината и други специјалности.
Членови на Комисијата за заразни болести освен министерот за здравство, Венко Филипче се:
Проф. д-р. Миле Босилковски, ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-Скопје.
Д-р. Зоран Стојановски, Министерство за здравство
Прим. Сузана Маневска, Министерство за здравство
Прим. др. Жарко Караџовски, ЈЗУ Институт за јавно здравје
Д-р. Владимир Миќиќ, ЈЗУ Институт за јавно здравје
Д-р. Милена Стевановиќ, ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-Скопје
Д-р. Илир Демири, ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-Скопје
Д-р. Наташа Најдановска-Алуловска, ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести
Д-р. Виктор Исјановски, директор на ЈЗУ Здравствен дом-Скопје
Проф. д-р. Милена Петровска, Институт за микробиологија и паразитологија, Медицински факултет-Скопје
Прим. д-р. Александар Стојанов, ЈЗУ Центар за јавно здравје-Скопје
Д-р. Иринка Сотирова Бухова, претседателка на Државен здравствен и санитарен инспекторат
Д-р. Лилјана Деспотовска Ристовска, Државен здравствен и санитарен инспекторат
Ванчо Новоселски, Агенција за храна и ветеринарство
Грета Николовска, Агенција за храна и ветеринарство
М-р Марија Милкова, Центар за управување со кризи
Д-р. Кристина Ставридис, ЈЗУ Институт за јавно здравје член и секретар на Комисијата.
Како надворешен член на Комисијата е одредена Арта Кули од Канцеларијата на Светската здравствена организација-Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче најави смена на Зибери, директорот на ЦЈЗ, ако е правно можно уште денеска