еМагазин
Image default
Бизнис

Кои се најголемите акционери во Комерцијална банка

Во Годишниот извештај за работењето на Комерцијална банка АД Скопје, објавен преку Македонската берза, Банката ја објави и акционерската структура.

Според моменталното законско решение во Македонија, компаниите кои котираат на Берза, имаат обврска да ги објавуваат само акционерите кои поседуваат над 5% од акциите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колкави примиња имале лани Фатмир Етеми, Сава Димитрова, Ванчо Чифлиганец, Таки Фити, членови на Надзорниот одбор на Комерцијална банка

„Банката со состојба 31.12.2020 година има вкупно 5.207 акционери.

Вкупниот број издадени акции, заклучно со 31.12.2020 година, изнесува 2.279.067 обични акции.

На 31.12.2020 година вкупниот број акции со право на глас изнесува 2.278.054 акции.

Адора Инженеринг ДООЕЛ Скопје е акционер со квалификувано учество во Банката.

Адора Инженеринг ДООЕЛ Скопје поседува 12,850% од вкупниот број издадени акции и 12,855% од вкупниот број акции со право на глас на 31.12.2020 година.

Во Надзорниот одбор на Банката членува Ванчо Чифлиганец, како претставник на акционер со квалификувано учество во Банката“, информираат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комерцијална банка донесе одлука за исплата на дивиденда, ќе ја исплати откако ќе престане ограничувањето од Народна банка

Акционери на Комерцијална банка контра Народна банка: Од Уставен суд си ги бараат дивидендите

ФЗЦ „11 Октомври“ оди под залог кај Комерцијална банка за кредит од осум милиони евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колку пари чувале граѓаните во Стопанска банка Скопје во првото полугодие

Редакција

Владата доцни со помошта: Стопанска комора изготви мерки за надминување на кризата со струјата, бара итна средба со надлежните

Редакција

Тутунски комбинат Прилеп лани со добивка

Редакција